За нас

Delta Aromatik – од 1998 година

Delta Aromatik е основана во 1998 година во Скопје. Повеќе од две децении се занимаваме со производство и дистрибуција на парфеми, а на нашите партнери им нудиме и продажба на големо на мирисни масла и шишиња.

Од 2019 година имаме и сопствена продавница на мало во Скопје, на Бул. К.Ј. Питу 28, лок. 12, а од 2020 година продаваме и онлајн, со достава низ цела Македонија.

Нашите парфеми

Секој наш парфем има свој код (на пр. М-154 за машки, Ж-201 за женски) и е инспириран од мирисниот профил на познат светски парфем. Ги нудиме парфемна вода 10, 30 и 50 ml и тоалетна вода 50 ml, по пристапни цени.

Продажба на големо

За продажба на големо (мирисни масла, шишиња, парфеми) јавете ни се на 070 244 281 или пишете ни на Viber.

Парфемите на Delta Aromatik се наши сопствени мириси, инспирирани од познати светски парфеми. Не сме поврзани со брендовите чии имиња ги наведуваме, ниту сме нивни овластен застапник или продавач. Имињата на брендовите и парфемите се трговски марки на нивните сопственици и ги користиме само за да го опишеме мирисниот профил.